Сузана Б., мајката на девојчето Петра (3), кое брутално беше убиено од нејзиниот татко Марко Б. во Вршац, на социјалните мрежи го тргнала презимето на монструмот, како и сите негови фотографии и ги споделила нејзините слики со нејзината покојна ќерка.
Несреќната жена од социјалните мрежи ги отстрани и сите заеднички слики што ги имаше со Марко Б.
– Сузана објави слика од девојчето од породилиште, практично тоа е нивна прва заедничка фотографија. Наместо презимето, сега е името на ќерката, а на профилната слика е една од последните фотографии од брутално убиеното дете – објаснува изворот.
Да потсетиме, случајот што ја потресе Србија се случи пред седум дена на улицата Војнички трг во Вршац во станбена зграда. Марко Б. ја удави ќерката Петра во сад со вода, а потоа се обесил.
Тој пред злосторството и испратил порака на Сузана, со која не живеел од април, бидејќи го пријавила за насилство. Во пораката тој најавил што ќе прави.
-И испрати порака на сопругата дека тој и Петра ќе бидат мртви. Во текот на тој ден неколку пати ѝ се јавил на Сузана од телефонот и ѝ го дал телефонот на ќерката да и се јави на мајка и да дојде кај нив, да ѝ каже дека ѝ било многу убаво во станот – вели изворот и додава дека постоела можност Марко да сака да ја намами Сузана и да ја убие и нејзе таму.
По повод смртта на малата Петра, протест се одржа пред Центарот за социјални работи во Вршац, бидејќи голем број граѓани, експерти, како и мајката Сузана, сметаат дека пропусти во работата на оваа и на други надлежните институции доведоа до кривичното дело.
На протестот беше и Сузана, која едвај стоеше на нозе додека членовите на семејството ја држеа, но најде сила и рече „дека ќе се бори за ниту една друга мајка да не го доживее тоа што го доживеала“. Таа најави и дека ќе се обиде да основа фондација, која ќе го носи името на нејзината убиена ќерка.
– Им реков дека тоа ќе се случи, никој не ме слушаше. На жените не им се верува – рече Сузана во петокот на протестот.
Be the first to write a comment.