„Знаев дека нешто страшно се случило кога ме престигнаа три возила на брза помош и полиција на пат од Чачак кон Овчарска Бања“, ја започна својата потресна приказна спасувачот кој извлекуваше повредени туристи од брановите на ладната Западна Морава.
Во денешната несреќа загинаа Љубица Мијатовиќ и Милена Ериќ.
Да потсетиме, несреќата се случи во утринските часови кога од преоптоварување се урна висечкиот пешачки мост над Западни Морава кај Овчарка Бања.
На мостот биле најмалку триесетина туристи од Република Српска кои отпатувале во манастирите во Овчарско-Кабларскиот регион.
Спасувачот рече дека повредените жени едноставно немале шанси, особено онаа чие тело први го извлекле тој и неговите колеги. Таа била прицврстена за конструкцијата на мостот и немало ни најмала можност да ја спасат оттаму.
– Се обидела и да ја соблече јакната за да се ослободи – додаде тој.
Be the first to write a comment.