Што не боли-тоа не е живот, што не поминува тоа не е среќа ❤️, порачува познатата водителка Лила Стојановска по својата роденденска прослава, откако јавноста дозна дека поминува низ тежок период, иако детали за тоа со што поточно се соочува Лила засега не се познати.
Водителката им се заблагодарува на сите што ѝ пружиле рака, љубов и поддршка.
– Синоќа имав една прекрасна вечер, вечер за паметење ! Имам многу за кажување ама ќе бидм кратка… благодарам на сите што ми пружија рака, љубов и поддршка. Што дојдоа и ми ја разубавеа вечерта. На другар ми Nikola Dion Talevза организацијата за се да биде како сум замислила и секако целиот тим на @restaurantdion ❤️ На омилениот лик на ноќните журки Dragan Temelkov кој иако преморен дојде и направи журка за паметење. На другарка ми Elena Pandeva која со нејзиниот тим Elena Luka ме дотераа како снегулка❤️ На “друже” Биљана од Моцарт што ми ги исполнува сите замислени желби кога е роденденската торта во прашање ❤️ И на сите Вас што пеевте и игравте заедно со мене , за многуте подароци и цвекиња како да имам цвеќара ❤️ ВЕ САКАМ И САМО ГОСПОД ДА НЀ ДАРУВА СО ЗДРАВЈЕ И СРЕKA!, напиша Лила на Фејсбук.
Претходно, водителката соопшти дека зад себе остава една тешка, претешка година.
– Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден❤️
Be the first to write a comment.