Во петокот наутро полициски службеници на Макарска уапсиле 45-годишен маж кој нападнал Германец (51) на плажата во Башка Вода, поради расправија за лежалка за плажа, пишува Јутарњи лист.
Набрзо пристигнала и полицијата која го опколила местото на пресметката и го привела мажот, кој наводно е еден од концесионерите кои ги чуваат лежалките.
Полицијата извести дека постои сомнеж дека напаѓачот сторил прекршување на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. На Германецот му нанел полесна повреда, а со обвинителен акт е изведен во Судот за прекршоци.
Ова не е прва ваква пресметка во Башка Вода, имаше и претходно поради истата причина. Туристите ги преместуваат лежалките за да постават пешкири, а според прописите на плажата не би требало да има празни лежалки без пешкир, туку да им ги издаваат на корисниците со пешкир.
Башка вода е позната како место со најмногу лежалки во Хрватска. Дневник.хр уште минатата година пишуваше дека има 98 концесиски компании и дека секоја компанија има лиценца да постави најмногу 20 лежалки.
Според нивната пресметка, секој петти гласач што излегол на локалните избори е и сопственик на концесија за изнајмување лежалки.
Be the first to write a comment.