Охриѓанец доцна синоќа завршил в болница, откако го натепале, а и избоделе во угостителски објект во Охрид.

„Денеска (05.04.2023) во СВР Охрид било пријавено дека во 02.40 часот во Медицински центар Охрид со повреди бил донесен А.Ј. од Охрид. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад со остар предмет во угостителски објект во Охрид“, соопштија од охридската полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од таму.