Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.

Според извештаите, во моментот на нападот, децата се движеле покрај патот и носеле бадникови гранчиња кога напаѓачот отворил оган врз нив.

„Тие се здобиле со прострелни рани, едното момче било застрелано во раката, а другото во рамото, а само за среќа не биле посериозно повредени или животно загрозени. Во овој момент се транспортирани во Клиничката болница во Грачаница каде ќе ја добијат најдобрата можна нега.

„Тоа е очигледен обид да се убијат невини српски деца кои засметале само затоа што носеле Бадников гранчиња и на тој начин јасно покажаа дека се Срби“, се вели во соопштението.

Иако неколку очевидци го виделе регистарскиот број на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила истото, пишуваат српските медиуми.

„Ваквиот напад е директна последица на антисрпската политика на Албин Курти, кој со своето однесување и постапки ги охрабрува сите кои сакаат српска крв, дури и на Божиќ. Бараме итна и одлучна реакција од меѓународната заедница, а Канцеларијата за Косово и Метохија на семејствата и на повредените ќе им ја пружи сета потребна помош“, се наведува во соопштението.