Во Општината Центар Жупа како целото население да е излезено, откако во 19 часот беа затворени избирачките места. Меѓу граѓаните дојде и премиерот Димитар Ковачевски, која посета беше малку задоцнета поради сообраќајна несреќа на патот од Маврово. „Дојдов да ја честитам победата на градоначалникот Аријан Ибраим“, изјави премиерот. Инаку, на гласање, според податоците до 18.30 часот излегле 41,7 отсто од избирачите, а условот за успешни избори беше излезност од најмалку една третина од гласачите. Инаку, Ибраим немаше противкандидат.

Се виде дека граѓаните се решени да го поддржат успешниот концепт на владината коалиција, а тешко се поразени оние сили кои не сакаа да се избере градоначалник во Центар Жупа, рече Ковачевски во изјава во живо за дневникот на Сител. Тој додаде дека граѓаните знаат да ја ценат политиката на Владата и знаат што е добро за државата.

На прашањето што им е ветено на граѓаните на Општината, Ковачевски рече дека ќе биде реализирана програмата на Ибраим, но и ќе биде изграден патот што на жителите им е потребен.

Koвачевски рече дека очекува победа на коалицијата на СДСМ и во Маврово – Ростуше, каде на изборите денеска излегле 51,7 отсто од избирачите.

„Како Турска демократска партија ќе продолжиме со проектите и со политиката за добро на граѓаните. Напорно работиме и ќе настојуваме да го подобриме животот во Општината“, рече кандидатот за градпоначалник Ибраим.