Голема заблуда е дека жените не мислат на секс или барем дека не мислат подеднакво често или на ист начин како мажите.
Едно најново истражување покажа дека на жените им се вртат секси мисли во главите повеќе отколку што сакаат да признаат, за разлика од мажите кои поотворено зборуваат за тоа, па дури и додаваат повеќе отколку што мислат.
Истражувањето што го спроведе онлајн дејтинг страницата Illicit Encounters покажа дека жените во просек помислуваат на секс на секоја 51 минута.
Тоа значи дека жените во просек помислуваат на секс околу 18 пати на ден, ако се земе предвид дека спијат околу 8 часа.
Мажите од друга страна, помислуваат на секс на секои 28 минути.
Истото истражување покажа дека 59% од жените редовно фантазираат за секс со некој бивш партнер, а кај мажите таа бројка се спушта на 49%.
Be the first to write a comment.