Рибар од Крагуевац се удави кај Гружанското Езеро во близина на градот Книќ. Педалинката му се превртела, а целиот немил настан го гледал негов колега, кој не можел да помогне, јавуваат српските медиуми.

Несреќата се случила во делот на Гружанското езеро наречено Бабино колено, а на настанот посведочил и друг рибар.

– Откако педалинката се превртела, 72-годишниот маж се обидел да стигне до брегот и испливал неколку десетици метри, но потоа потклекнал и исчезнал под површината на водата. Носел длабоки гумени чизми кои, се претпоставува, му го отежнувале движењето низ водата, пишува Блиц.рс.

Веднаш повикал полиција која набрзо пристигнала кај езерото, како и рибочуварската служба.

Бидејќи телото не е пронајдено, побарана е помош од нуркачи од Жандармеријата, кои пристигнале во попладневните часови. Нуркачите го пронашле безживотното тело на рибарот на десетина метри од брегот.