Актерката и пејачка Рејни Квали, инаку ќерка на холивудската актерка Енди Мекдауел, моментално ужива на одмор со момчето Луис Пулман во заливот Параџи.

Папарацо фотографите го „уловиле“ младиот пар додека разменувал нежност покрај базен во хотел во кој уживале, а на јавноста особено ѝ го привлече вниманието на атрактивното и особено заводливо бикини на оваа 33-годишна бринета.

Убавата Американка ја покажала својата завидна фигура на тело во минијатурното, црно бикини, а акцентот бил на горниот дел.

Имено, Рејни избрала прилично смел горен дел, со асиметричен крој со корпи и проѕирна ткаенина и одвај ги покрива градите.

Инаку, станува збор за бикини од познат полски бренд и неговата цена изнесува 105 фунти, а нивните провокативни костими за капење со задоволство ги носат и убавиците како Бела Торн, Кајли Џенер, Холзи…

Инаку, иако на фотографиите не се гледа и долниот дел од ова бикини, сепак и тоа е еднакво безобразно во пределот на интимната зона, со накрсна проѕирна ткаенина.

Па, Рејни – секоја чест, за ова бикини секако треба да се има самодоверба.

📸

📸

📸

📸