По кратко боледување, на 74-годишна возраст, почина Евгени Чадловски, истакнат, долгогодишен новинар на Македонската радио-телевизија (МРТ), потврдија денеска од неговото семејство.
Во МРТ работеше од 3 јануари, 1980 година, до 15 март, 2008 година. Беше уредник на Првата програма на МРА, уредник во редакцијата за детска и образовна програма, уредник на дописната редакција, уредник-коментатор во информативната редакција, извршен уредник во секторот вести, помошник директор за реализација на програмската шема, одговорен уредник на собранискиот канал на МТВ.
Чадловски ќе биде погребан утре, од 11 часот, на гробиштата во Бутел.
Be the first to write a comment.