Македонскиот ракомет остана без еден од тренерите што животот му го посвети на овој спорт, Андон Бошковски.
Селекторот Кире Лазаров го упати последниот поздрав кон неговиот поранешен соработник во клубот КЛ7 и во репрезентацијата на Македонија.
„Почивај во мир Дондо мој. Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе а ти ми беше еден од ретките. Многу нефер од твоја страна.
Направивме многу заедно Знаевме и да се скараме но се сакавме/почитувавме Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа но тоа не е битно јас знаев што имам покрај себе. Нека ти е лесна земја и светол патот… Сликата е од ЕП Србија 2012 после победата над Словенија за 5то место на прес конференција каде бевме горди Македонци“, напиша Лазаров на социјалните мрежи.
Бошковски работеше во најдобрите македонски клубови, беше дел од стручниот штаб на националниот тим долго време, а последниот ангажман го имаше во косовскиот Вучитрн.
Причината за ненадејната смрт на Бошковски, кој имаше 47 години, засега не е позната.
Be the first to write a comment.