Македонија ќе игра во Президент Купот во Плоцк и ќе се разигрува за пласман од 25 до 32 место на Светското првенство.

По дуелите со Норвешка и Холандија кои беа загубени со 18-11 на полувреме, а на крајот имавме порази од десет, односно 12 гола разлика. Против Аргентина изгубивме со 9 гола разлика.

На полувреме од дуелот со јужноамериканскиот ривал, Македонија исто така губеше со 18-11.

Како што стојат работите во моментов, ако Тунис загуби од Данска, Македонија ќе биде единствената европска селекција на Президент Купот.