За тензичната ситуација во Косово се огласи и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кој на својот канал Телеграм изјави дека и тој ја следи ситуацијата меѓу Србија и Косово.
„Ова е многу сложена ситуација во која има трет поттикнувач – НАТО. По ова прашање не е можно да се заземе страната ниту на Србите, ниту на Косовците, но постои недвосмислен став кој што и едните и другите треба да го заземат. И оваа позиција, доволно чудно, не е политичка, туку религиозна“, рече Кадиров.
Тој потоа истакнува дека Србија е земја која отворено ја поддржувала Русија „во борбата против нацизмот и сатанизмот во Украина“.
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кого добро го познавам, многу добро разбира што е НАТО и какви методи користи алијансата за поттикнување конфликти“, продолжи тој.
„Целиот НАТО блок се обидува да ги корумпира земјите со традиционални вредности во куп зли луѓе со животински инстинкти без вера и чест. И нема сомнеж дека муслиманите во оваа специјална операција против поддржувачите на Иблис играат важна, идеолошка и духовна улога на контраакција“, пишува и Кадиров.
„Сфаќајќи дека нивните планови пропаѓаат во Украина, западната алијанса реши да ја раскине раната што зараснуваше на Балкано. Избувнувањето на конфликтот е толку смешно и банално што нема сомнеж за поттикнување однадвор. Додека Балканот се бори меѓу себе, целиот Запад ќе стои озади и ќе дава чаури, но ќе живее во мир, повремено протестирајќи против кршењето на правата на сатанистите, диктирајќи ги нивните приоритети на светот“, смета Кадиров.
„Запомнете, за поддржувачите на сатаната е корисно да ги спротивставуваат верниците под каков било изговор“, додава тој. „ Ги повикувам Србите и косовските Албанци да го отстранат НАТО од равенката и да размислат за својата иднина. И тогаш ќе дојдат до разбирање за проблемот и неговото решение. Има одлични примери за хармоничен соживот на различни религии и националности. Но, нема соживот со интервенционистите на НАТО“ заклучи чеченскиот лидер.
Be the first to write a comment.