Тежок инцидент се случи денеска на магистралниот пат Феризај – Качаник, каде како последица на размена на огнено оружје загина Хасан Бериша, а тешко е повреден неговиот брат Кастриот Бериша.

Според првите информации, Хасан починал на лице место, што било констатирано од медицинските екипи, додека неговиот брат е пренесен во Урошевац за укажување лекарска помош, вели косовската полиција.

Извори велат дека полицијата веќе го идентификувала сторителот на ова тешко убиство и наскоро се очекува негово апсење. Прогласен за осомничен за тешкото убиство е Хиќмет Ќори.

Состојбата на повредениот е многу тешка. Според директорот на Ургентниот центар Насер Сила, ранетиот е задржан на респиратори.

„Ситуацијата е многу сериозна. Да видиме што ќе се случи понатаму“, изјави тој.