Судот во Атина го прогласи грчкиот пилот на хеликоптер за виновен за убиството на неговата британска сопруга Керолин Крауч. Toj e прогласен за виновен за убиство со предумисла на неговата млада британска сопруга и осуден на 27 ипол години затвор.
34-годишниот Бабис Анагностопулос доби 16 години затвор за убиството на Керолин Крауч (20) и дополнителни 11 и пол години за убиство на нивното куче Рокси и „извртување на правдата“.
Анагностопулос го призна убиството минатиот јуни, само неколку недели откако телото на неговата сопруга беше пронајдено во нивниот дом во предградието на Атина. Доказите кои ја побиваат приказната на Бабиш за насилна кражба биле пронајдени на дигиталните уреди што ги користела двојката.
Судиите утврдиле дека убиството го извршил со умисла во свесна состојба. Го убил и кучето што го имале, пишува Би-Би-Си.
Случајот ја шокираше Грција, главно поради тоа што убиството се случило додека нивната ќерка спиела во куќата.
Анагностопулос беше уапсен откако присуствуваше на погребот на неговата сопруга на на островот Алонисос во Егејското море, каде таа го поминала своето детство. Родена е во Велика Британија.
За време на погребот тој беше фотографиран како ја гушка мајката на неговата покојна сопруга, жалејќи за загубата.
Обвинителите рекоа дека тој ја задавил Керолин додека таа спиела. Вината ја признал по осум часа распит, соопшти полицијата.
Тој првично тврдеше дека разбојниците упаднале во нивната куќа и го врзале. Но, тој подоцна и рекол на полицијата дека парот често се расправал во последните месеци.
Биометрискиот часовник на Керолин Крауч го забележал нејзиниот пулс на денот кога умрела, покажувајќи дека нејзиното срце сè уште чука во моментот кога Анагностопулос тврдел дека е веќе е мртва.
Движењата на Анагностопулос биле следени и преку неговиот мобилен телефон, што докажало дека тој се движел низ куќата во моментот кога тврдел дека е врзан.
Спротивно на неговите тврдења е и времето кога биле отстранети картичките со податоци од домашната безбедносна камера.
Be the first to write a comment.