Десетици кинески градови горат на високите температури, а топлотните бранови ги топат покривите на зградите и патиштата, додека непријатното време ги принуди луѓето да влезат во подземни засолништа.

До денеска во 11 часот, 68 градови – вклучително Шангај и блискиот Нанџинг – објавија црвен аларм, највисок во тристепениот систем за предупредување од топлотни бранови, предвидувајќи температури од повеќе од 40 степени Целзиусови во следните 24 часа.

Шангај, кој сè уште се бори со спорадични епидемии на COVID-19, ги предупреди своите 25 милиони жители да се подготват за топлото време оваа недела. Од почетокот на евиденцијата во 1873 година, Шангај има само 15 дена со температури над 40 Целзиусови степени.

Во град во јужната провинција Ѓијангси, дел од патот се збрчкал и се подигнал најмалку 15 сантиметри поради жештините, покажа државната телевизија.

Нанџинг, еден од трите пеколни градови во Кина, познат по жешките лета, отвори подземни засолништа за воздушни напади за жителите од неделата.

Воените бункери се опремени со WiFi, книги, вода, дури и микробранови печки. Градот во вторникот издаде црвен аларм.