Хаотичниот дуел помеѓу Феенорд и Ајакс во Ротердам кој беше прекинуван двапати, конечно заврши, со победа на гостите од Амстердам од 2-1, а освен на трибините, беше жешко и на теренот.

При една голема мешаница, Душан Тадиќ му гестикулираше на турскиот фудбалер Оркун Кокчу јадење на трева, а многу муслимани тоа го протолкуваа како провокација и навреда кон сите кои постат за големиот исламски празник Рамазан.