Трговскиот центар Ист Гејт Мол соопшти дека по денешното невреме неговиот менаџмент донел одлука да го затвори центарот за јавноста, и да ги евакуира посетителите и вработените.
Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода на територијата на град Скопје, како што посочуваат, дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар Ист Гејт Мол.
Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, Трговскиот центар беше евакуиран за кратко време. Во моментов, заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на трговскиот центар ќе останат паркирани се до исцрпување на водата.
Техничките служби во Трговскиот центар во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража. Овие активности ќе траат во текот на целата ноќ, информираат од Ист Гејт Мол.
Посочуваат дека во зависност од прогресот на активностите поврзани со санација на поплавата, утре во раните утрински часови ќе ја информираат јавноста и закупците дали Трговскиот центар ќе биде отворен за потрошувачите и се заблагодаруваме на сите посетители и закупците за нивната брза и навремена реакција.
Be the first to write a comment.