Далибор Дестановиќ ненадејно почина во Романија како последица на срцев удар на 47-годишна возраст. Српскиот тренер работеше во клубот Феникс Галаци, а за неколку години остави голема трага во романската кошарка.
Според информациите кои пристигнуваат од Романија, се се случило во теретана, кога срцето едноставно престанало да му работи.
Дестановиќ е роден во Алексинац и ќе остане запаметен како еден од најдобрите кошаркари од тој град. Кошаркарската кариера ја започна во родниот град во екипата на Напредак во 1991 година. Играше во неколку српски клубови, беше во Босна и Херцеговина и Бугарија, додека во 2012 година ја заврши кариерата во својот матичен клуб Напредак.
Тренерската кариера ја започна и во Напредок, а потоа замина во Галаци каде работеше до прераната смрт.
Be the first to write a comment.