Денеска во медиумите вирално стана видео клип од бруталната тепачка меѓу Инди Арадиновиќ и Едита Арадиновиќ. Во оваа прилика прва се огласи Едита, која истакна:
– Браќа и сестри! Другари и другарки. Душмани, вие посебно. Сè е во најдобар ред. Вие најдобро знаете како функционираат семејствата и не функционираат. Се лажете ако мислите дека таа или јас ќе дадеме некакви изјави и ќе се занимаваме со оваа глупост. Можеби дотогаш пак ќе се степаме, но прописно, со оглед на тоа што тука сме како двајца пијаници пред супермаркет – напиша таа.
По тој повод, не многу подоцна, Инди иако изјави дека нема да дава коментари во текот на денот, сепак реши да го прекине молкот и напиша порака на својот Инстаграм.
Инди толкува дека една за причините за тепачката е тоа што се родени во ист хороскопски знак.
– Драги мои следбеници и медиуми, за да не морам да одговарам на секој поединечно: Што се однесува до новонастанатото видео кое кружи по порталите и мрежите. Секое семејство има добри и лоши моменти. Знаејќи дека и двете сме емотивни, енергични, темпераментни и што е најважно, искрени, родени во ист знак, логично е понекогаш да се случува семејна караница. Ова и нас ни е многу смешно на крајот на краиштата. Беше, помина! Ние две сме засекогаш сестри, секогаш ќе бидеме тука една за друга, затоа што се сакаме повеќе од се на светот. Во нормални односи сме, но не ветуваме дека нема да дојде до некој „фајт“, можеби и во живо. Ве сакаат девојките Арадиновиќ – напиша Инди на Инстаграм.
Be the first to write a comment.