Често пати во медиумите моето име се спомнува со Ани Малинкова, би сакал тоа да престане еднаш – засекогаш, бидејќи не сум повеќе со неа. Еве, изјавувам дека немам ништо со неа – за ,,Фокус” вели Ѓорги Тренески, човекот кој минатата година се најде во центарот на вниманието, откако фолк пејачката Ани Малинкова изјави дека и го освоил срцето.
Како што раскажуваше тогаш атрактивната 49-годишна пејачка, осум години по разводот од сопругот со кого има две ќерки, таа повторно се вљубила. За нејзиниот избраник Ѓорги раскажа дека не е јавна личност, а се запознале случајно во Куба, за време на летување пред пандемијата.
Го опиша како шармантен маж, кој и бил голема поддршка во професијата, со зборовите дека се нашле нивните сродни души.
Околу тоа дека љубовта веќе е зад нив, Малинкова не открива детали. Во последното интервју за ,,Фокус” од пред две недели, таа раскажа дека изминатата 2022 година и била една од најуспешните.
-Немав никакви падови во 2022 година, ми беше најдобра во животот, 2023 нека биде уште подобра – изјави таа.
Освен што изминатиот период интензивно се посвети на својот изглед и направи повеќе третмани за подмладување, поради кои често добива комплименти на социјалните мрежи, таа активно им се врати и на музичките настапи.
Be the first to write a comment.