Вчера во полициска станица било пријавено насилство во градски автобус, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 09.01.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Центар, М.Л.(42) од Скопје пријавила дека околу 01.30 часот во градски автобус на подрачјето на Центар, поради нарушени односи, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.С., кој потоа се однесувал агресивно и кон останатите патници во автобусот, информира МВР.