Драга Русковска, партизанка во Втората светска војна и учесник во пробојот на Сремскиот фронт во 1945-та, почина денеска на 96-годишна возраст.
Русковска, една од најдолговечни борци од НОБ, е родена во Штип на 22.02.1926 година.
Во 1943-та година е затворена од бугарските окупатори поради учество во активности за ослободување.
Потоа заминува во партизани и учествува во ослободителните битки во повеќе градови меѓу кои и во ослободувањето на Скопје на 13-ти ноември 1944. г.
Со својата бригада, наредната година оди на Сремски фронт каде учествува во пробојот на последните фашистички позиции подржани од нивните соработници од Југославија.
Во борбите на Сремскиот фронт, Драга Русковска е ранета.
По ослободувањето е активна во општествено-политичкиот живот во слободна Македонија, а во 1991-ва ја дочекува и независноста на државата.
Be the first to write a comment.