Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Партизан Миодраг Јешиќ загина во сообраќајна несреќа кај Рума.

Во периодот кога по вторпат седна на клупата на Партизан (сезона 2006/2007) во едно од интервјуата зборуваше за голема трагедија која според него го втурнала во голема тага и депресија. Неговата ќерка имала сообраќајна несреќа кога имала само 19 години, а подоцна починала од внатрешно крварење поради ненавремена интервенција на лекар.

– На деловен и спортски план се се одвиваше како што треба, сепак се случи нешто што целосно ме скрши. Еден телефонски повик промени сè. Поранешната сопруга Јелена ме извести дека нашата ќерка имала сообраќајна несреќа и јас веднаш полетав од Тунис за Белград, а се плашев да не слетам во Србија и да дознаам лоши вести. Не можев да го поднесам фактот дека ќерка ми почина. Јелена немала ниту гребнатини во сообраќајната несреќа. Итната помош била на лице место и веднаш ја однеле на контрола во Ургентниот центар. На првите прегледи се беше во ред, но кога докторот задолжен за правење ултразвук тој ден требало да направи слика, тој спиели никој не смеел да го разбуди бидејќи бил „незгоден“. Така ми кажаа. Јелена имала внатрешно крварење и починала неколку дена подоцна. Доколку докторот тој ден веднаш ја направеше снимката, таа ќе останеше жива, а имаше само 19 години – изјави во една прилика Миодраг Јешиќ.

Кобниот настан се случи пред 20 години кога Јешиќ го предводеше тимот на Сфаксиен од Тунис.