По тешко боледување на 48-годишна возраст попладнево почина градоначалникот на Живинице, Самир Камењаковиќ.
– Како што дознаваме, тој од 6 јануари бил хоспитализиран во Универзитетската болница во Тузла, а во петокот бил ставен на респиратор. Иако постоеше опција да се однесе во странство, поради неговата тешка состојба транспортот не беше возможен, објави босанскиот портал Кликс.
Роден е на 10 мај 1975 година во Тузла, а во последниот мандат како градоначалник на Живинице беше член на СДА по префрлањето од СДП во 2020 година.
Дипломирал на Медицинскиот факултет во Тузла. Студиите за медицинска радиологија ги завршил на Универзитетот во Сараево, каде што магистрирал, а потоа и докторирал. Завршил дополнително образование од областа на здравствен менаџмент на Економскиот факултет во Сараево.
Работел на Клиниката за радиологија на Клиничкиот центар во Тузла, а бил и доцент на Катедрата за радиолошки техники на Медицинскиот факултет во Тузла.
Бил заменик претседател на Собранието на кантонот Тузла од бошњачкиот народ. Има објавено повеќе од 20 стручни и научни трудови од областа на медицината.
Be the first to write a comment.