Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, била пронајдена почината во Африка, јавуваат медиуми од црниот континент.
Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.
Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја.
Маја Миа која имаше милиони следбеници на социјалните мрежи, неодамна беше во посета на земјава, а повеќе актуелни политичари објавија фотографии со неа.
На Инстаграм Маја Јанеска (38) од Охрид, позната како Маја Миа, имаше 1.2 милиони следбеници. Таа одамна живее надвор од Македонија, но периодов не можеше да се насити од убавината на расцветаните цреши на Максим Горки, потоа атмосферата на Боемска улица, како и кањонот Матка.
Маја Јанеска (38) од Охрид, позната како Маја Миа, беше светски славна јутјуберка со повеќе од милион следбеници и на Јутјуб и на Инстаграм.
Таа беше позната по мејкап туторијалите и заработува вртоглави суми. Живееше во Јужноафриканска Република, но постојано патуваше.
Водеше раскошен животен стил, а периодов престојуваше во Македонија. Од Боемска улица до кањонот Матка, таа со задоволство уживаше во убавините на нејзината татковина.
Нејзиниот талент за шминкање ја направи светски позната.
Во една пригода Маја изјави:
„Почнав да шминкам на 16-годишна возраст, кога започнав и кариера на модел во Македонија. Се натпреварував на еден избор за убавина и во моментот кога стилистот ми го подаде огледалото да се видам, откако ме нашминка, бев шокирана од тоа како со помош на шминка ги истакнал убавите црти на моето лице и тој ден се вљубив во шминката и во нејзината моќ дополнително да ја истакне природната убавина“.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.