Момче од Јута загина во државниот парк Coral Pink Send Dunes за време на викендот, откако тунелот, за кој се верува дека го копал од страната на песочната дина, се урнал додека тој бил внатре.
Јан Спендслав (13) од Санта Клара бил со семејството во паркот во Канаб, а инцидентот се случил во саботата по 17.30 часот по локално време, соопштија надлежните од паркот.
Еден член на семејството видел дека тунелот се урнал вр Јан и потрчал да бара помош. Посетителите кои случајно се нашле во близина и вработените во паркот веднаш почнале да копаат за да го ослободат тинејџерот. Замениците на шерифот на округот Кејн побрзале со лопати да помогнат во ископувањето.
Момчето по падот поминало околу 23 минути под песокот. Надлежните процениле дека бил затрупан со околу два метра песок. Болничарите се обиделе да го реанимираат откако било констатирано дека момчето има пулс.
Тој бил префрлен со хеликоптер во блиската болница, но Јан ја загубил мозочната активност во неделата и беше прогласен за мртов.
Надлежните од паркот изразија сочувство до семејството на момчето. Ренџерите веруваат дека 13-годишникот копал тунел во дината кога таа се срушила врз него. Во тек е истрага за инцидентот.
Be the first to write a comment.