Не стивнуваат реакциите околу ученикот од гимназијата Корчагин, за кој медиумите имаат потврдени информации дека извршил самоубиство, но за тоа не се огласи ниту една државна инститиција, ниту МВР, ниту училиштето, ниту Министерството за образование и наука.
Дека момчето се соочувало со „булинг“ објави и познатата новинарка Мирослава Симоновска која, сепак, подоцна го повлече статусот по барање на мајката на детето која побарала да биде почитувана нивната болка и жалост.
Предмалку на социјалните мрежи за случајот се огласи и инфлуенсерката Миа Костова.
„Во шок сум од ова што излегува за случајот со детето од Корчагин. Се плашам зошто го препознавам Андрија во него, тивок, затворен и со многу материјал за булинг. Единствена разлика е што во мене се буди налудничавост кога се работи за него па можам да скинам глава и на дете. Не само на родител. Во случајов, одговорност треба да сносат сите, особено кадарот во училиштето, но и родителите на мангупчињата од прв до последен. Многу скоро говорот на омраза ќе ве кошта скапо. Прва јас ќе почнам да наплаќам. Па ќе размислите и што коментирате, и како воспитувате. Мирно небо, момче. Сите сме криви“, напиша Костова на „Фејсбук“.
Be the first to write a comment.