Екипата на Бенрат III од Регионалната германска лига гостуваше кај Дизелдорф III, во меч кој ќе се впише во историјата на фудбалот. По првото полувреме, домашниот итм на Дизелдорф водеше со 6:0, а на крајот победи со 8:6.
Мечот беше како на филм. Поради големиот број на повредени играчи, на голот на гостите мораше да соти тренерот Марвин Штарк. Затоа не е ни чудо што домаќините на полувреме водеа со 6:0, но во вториот дел се случи нешто неверојатно.
Тренерот Штарк ги мотивираше своите фудбалери кои во второто полувреме постигнаа осум гола и негативата од 0:6 на крајот ја претворија во победа од 8:6. Гостите направија промена во формацијата и наместо со четворица дефанзивци, во вториот дел влегоа со три одбранбени играчи, а во нападот наместо еден, вметнаа двајца фудбалери.
„Одлучив на полувреме да бидам смирен и да им дадам совет на фудбалерите, а не да удрам по нив дека се виновни за високата негатива. Побарав од нив да покажат карактер и да ги намалат грешките и негативата. им реков да играат како уште да е 0:0“, открива тренерот Штарк за тоа што се случувало на полувреме во соблекувалната на гостите.
Во периодот од 50 до 55 минута играчите на Бенрат дадоа три гола и намалија на 3:6, а потоа следуваа уште два погодоци во 70 и 72 минута за 5:6 и најава за големиот пресврт. Тогаш во игра кај гостите влезе Кевин Ото играчот кој минатата година токму на теренот на Дизелдорф доживеа фрактура на ногата и сега се врати повторно на теренот и тоа таму каде што настрада.
Ото израмни на 6:6, а потоа истиот играч погоди за 7:6 за гостите во 85 минута. Во 90 минута гостите го дадоа и осмиот гол за крај на неверојатнио пресврт.
Be the first to write a comment.