Грчкото жири на Евровизија на кипарскиот претставник Ендрју Ламбро му додели „само“ четири поени, што шокираше многу фанови на ова натпреварување. Имено, Кипарците и Грците од година во година си делеа по 12-ки, но се чини дека сега таа традиција е прекината.
Четирите грчки поени за Кипар толку многу ги налутија Кипарците што нивните медиуми сега бараат да се разгледа регуларноста на грчкото жири и можно откажување на нивните гласови.
„Двајца од петте членови на жирито се директно поврзани со грчката национална телевизија, што е спротивно на правилата“, тврди Танис Цокас, директор на кипарската национална телевизија.
„Сите пет членови се музички продуценти, што го прекрши правилото за различноста на профилите на членовите на жирито“, додаде тој.
Доколку ЕБУ се сретне со Кипарците и ги провери гласовите на Грците и утврди дека има пропусти, ќе се земат предвид само гласовите на публиката, што ќе му овозможи на Ендрју да влезе во топ 10 финалето. Да потсетиме дека Кипар на крајот заврши на 12-то место.
Be the first to write a comment.