Тежок инцидент се случил денеска на завршниот турнир во Детската лига. Турнирот се играше на терените во комплексот на ФФМ.
Судијата Горан Милошевски бил претепан од родител и членови на стручниот штаб на Шкендија. Судијата веднаш бил пренесен во болница, а тренерот бил приведен.
„На завршниот турнир на детската лига на комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“ беше нападнат судијата од страна на родител на деца од тимот на ФК Шкендија и дел од тренерите на овој тим. На судијата му беа нанесени тешки телесни повреди, по што се доведе до прашање доигрувањето на другите екипи бидејќи судијата не можеше да суди, па беше заменет од делегат од ФФМ. Страшно е тоа што децата од спортивниот тим видно исплашени бегаа од теренот. Полицијата дојде дури 30 минути покасно“, изјави за МКД.мк родител, очевидец на настанот.
Be the first to write a comment.