Тажна вест во семејството Кочовски. Скршено црно срце на Фејсбук објави Тања Кочовска, која соопшти дека починала нејзината мајка Невена Кочовска.

Невена Кочовска долги години од животот помина на сцената како дел од ансамблот „Мањифико“, а поради нејзиниот глас многумина ја засакаа мексиканската и шпанската народна музика и шпанскиот јазик.

Нејзината големина е рамна на легенда, таа беше дел од легендарниот ансамбл „Мањифико”, настапуваше пред Тито и Јованка Броз, направија 42 хуманитарни концерти за Скопје по земјотресот…

Невена боледуваше од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање. Карактерот на болеста полека го уништува не само болниот, туку и неговото семејство.

Првите симптоми на деменција нивната мајка ги добила пред пет години, а од неодамна состојба е многу влошена.

Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико”, кој стана светски популарен, со обработките на латино-американските песни. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот.

Искрено сочуство до семејството Кочовски за големата загуба.