Млад скопјанец го загуби животот, а друг е повреден откако автомобил излетал од пат и се запалил во скопско Волково.

Трагедијата се случила синоќа во 03.15 часот на крстосница од ул.„60“ и ул.“58“ во с.Волково, скопско.

-Патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Додека, со повреди се здобил А.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.