Трагична вест доаѓа од Хрватска. Малолетник се удавил денеска во хрватското туристичко место Биоград на Море во северна Далмација, јавуваат попладнево хрватските медиуми.
Како што потврдија за Индекс.хр од задарската полиција, малолетникот се удавил околу 13 часот и 40 минути додека пливал на плажата Солине. Хрватската полиција ги утврдува околностите како се случил трагичниот настан.
Како што неофицијално дознава Индекс, станува збор за ученик кој бил на екскурзија во Биоград.
Be the first to write a comment.