Познатата српска водителка Сузана Манчиќ со своите следбеници на социјалните мрежи сподели многу тажна вест. Сузана се опростила од својата сестра Душица со болна порака…
„Шоуто мора да продолжи… Знаете ли како изгледа животот на нас кои сме во шоубизнисот? Тука е фризурата, шминката, шлокиците сјаат пред рефлекторите, се смееме. Но, не постои шминка за тагата во очите. Вчера снимив три емисии, а душата ми плачеше бидејќи знаев дека некој мене близок и драг, си оди засекогаш. Мојата сестра Душица. Амин“ – напишала Сузана.
Водителката и нејзината сестра биле многу блиски, таа секогаш ја имала нејзината поддршка. Целото семејство Манчиќ е тажно поради заминувањето на Душица…
Be the first to write a comment.