„Голема трагедија го снајде коњичкиот спорт во Србија, почина Драгица Перовиќ, храбра жена и мајка, прекрасна дама која беше украс на секој хиподром, сопственичка на коњ, сопруга на Ѓоле Перовиќ. Занемевме од тага, болка и неправда… Нека ѝ е вечна слава“, се вели во соопштението испратено од Наташа Павловиќ во име на Коњаничкиот сојуз на Србија по повод смртта на Драгица Николиќ – Перовиќ, која имаше 39 години, по долго и тешко боледување.

Драгица беше сопруга на најдобриот српски џокеј на сите времиња Ѓорѓе Перовиќ и сестра на Милан Николиќ, сопственик на тркачки коњи од Белград. Таа беше со Перовиќ во Кореја, каде Ѓорѓе годинава по втор пат триумфираше во тамошното дерби пред 40.000 гледачи на хиподромот во Сеул.

– Со заминувањето на Драгица Николиќ Перовиќ, коњичкиот спорт во Србија претрпе непоправлива загуба. Драгица беше добредојдена глетка на сите хиподроми, секогаш љубезна и грижлива дури и за најмалите детали. Таа многу ќе им недостига на сите вистински фанови на коњичкиот спорт, пишуваат српските медиуми.