Селекцијата на Грузија по голема драма и две продолженија славеше над Турција на дуелот во Тбилиси, но резултатот полека останува во сенка на случувањата надвор од паркетот.

Имаше доста нервоза за време на мечот, селекторот на Турција, Ергин Атаман беше исклучен, а во клинч влегоа плејмејкерот Фуркан Коркмаз и Дуда Санадѕе. Нивниот конфликт продолжил и надвор од паркетот каде според турски извори членот на Филаделфија физички бил нападнат како од Санадѕе така и од двајца негови соиграчи Торнике Шенгелија и Гога Битадѕе.

-Кога Коркмаз беше исклучен, тој се упати кон соблекувалната со кондициониот тренер Ерен Хангун. Во тие моменти Битадѕе, Шенгелија и Синадѕе ги нападнале Фуркан и Ерен заедно со еден член на обезбедување. Тепачката ескалирала откако Ерен се обидел да го одбрани Фуркан од четири лица, -напиша на Твитер турскиот новинар Ислаил Шенол.

Турција се закани дека ќе се повлече од ЕП доколку не им бидат доставени снимките од инцидентот од безбедносните камери.