На социјалните мрежи е објавена снимка од поранешниот министер за транспорт и врски во Владата на Зоран Заев, како и поранешен директор на Царинската управа и кандидат за градоначалник на Прилеп од владејачката партија, Горан Сугарески, како ја пее популарната народна песна „Бисер балкански“.

На локалните избори во октомври минатата година, Сугарекси беше кандидат на власта за градоначалник на Прилеп, но претрпе убедлив пораз со околу 6.000 гласови разлика од актуелниот градоначалник Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.

Сугарески освои 14.655 гласови. Во дел од коментарите на социјалните мрежи, по објавената снимка, се вели „да пееше вака патриотски Сугарески на изборите, може и ќе победеше“, но веднаш потоа се додава дека „од партија ќе го караат“.