ТВ21 вечерва го посети граничниот премин Табановце каде е создадена голема колона од возила кои чекаат да влезат во државава.

Според информациите на терен, во моментов се пропуштаат возилата за влез во Македонија.

Како што претходно информираа од Министерството за внатрешни работи, тие во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заеднички активности на ГП Табановце.

Според неофицијални информации на ТВ21, акцијата била поради поткуп и мито на цариници, а приведени биле и полицајци.

– Каква е ова срамота бре? Овие и кога глумат демек се борат против корупцијата со две нозе го газат законот. По кој основ за апсење на 3 полицајци се затвара меѓународен граничен премин и се попречува слободно движење на граѓаните за време на новогодишни празници?, пишува на социјалните мрежи новинарот Фуркан Салиу.