Колумбиската судијка Вивијан Полањи, позната по споделувањето непристојни фотографии на својот профил на Инстаграм, е суспендирана на три месеци откако се појавила на виртуелен состанок на платформата Зум додека полугола пушела цигара во кревет.

На видеото од 33 секунди што кружи на социјалните мрежи, 34-годишната судијка Вивијан Полањи може да се види како лежи во кревет, едвај полубудна, додека пуши цигара.

Во еден момент од состанокот, обвинителот ѝ кажува на Полањи дека камерата ѝ е вклучена и таа веднаш ја исклучува.

Веднаш ја исклучи камерата кога ѝ кажаа дека е вклучена

Според шпанските Ел Паис и Фокс њуз, реагирајќи на инцидентот, Полањи за локална радио станица изјавила дека лежела во кревет за време на сослушувањето бидејќи страдала од напад на анксиозност.

Таа изјави и дека веќе и се заканувале дисциплински мерки поради однесувањето на интернет.

„Никогаш не знаете кога ќе доживеете напад на анксиозност. Секогаш сум во фустан“, рече таа и додаде дека „има низок крвен притисок“.

Вивиан се жалеше дека имала анксиозност и „низок крвен притисок“

Суспензијата ќе остане во сила до февруари 2023 година, објави весникот „Инфобае“.

Позната е во јавноста по скандалозните изданија

Инаку, судското рочиште на Зум беше фокусирано на дебатата дали на обвинетиот за експлозијата на автомобил-бомба во 2021 година треба да му се одобри кауција.