Невообичаена сообраќајка се случи во Хрватска кај населеното Грачац во близина на Задар, која за среќа поминала без повредени.

Таму, во четвртокот, околу 13 часот, постар возач во еден момент излетал од патот, удирајќи прво во сообраќаен знак и пробил метална ограда, а на крајот ја пробил и оградата на гробиштата, потврдија за Полициската управа Задар.

Според фотографиите, се чини дека (роден 1947 година) со својот автомобил ја срушил и надгробната плоча.

– Покоси неколку гроба, веројатно заспал. Возачот е добро, велат од влечната служба кој го извадила автомобилот.

Според полицијата, причинета е само материјална штета, а возачот ќе биде санкциониран за прекршоци.

📸