Армијата на Република Северна Македонија по подолго време за потребите на воените сили конечно го доби првиот контигент од лесните оклопни возила 6 ЈЛТВ од американско потекло.

Како што на Фејсбук објави министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на пристаништето во Солун, Република Грција, пристигна првата испорака од лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.

„Оваа испорака претставува сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица – напиша министерката Петровска на Фејсбук.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а до крајот на годината очекувсме да пристигнат уште 27 вакви возила.

📸

📸

📸

📸