Потрагата по двајцата македонски државјани кои исчезнаа вчера во морето кај Посиди, Халкидики, продолжи рано утринава. Во потрагата се приклучија таткото и братот на еден од исчезнатите, јавија локалните медиуми.
Ангажирани се хеликоптер на грчката армија, два брода на крајбрежната стража и два приватни брода. Во потрагата учествуваат доброволци кои одат по брегот во околината на Посиди. Потрагата ја отежнуваат силните ветрови во областа.
– Таткото и братот на еден од исчезнатите пристигнаа на Халкидики од Северна Македонија, се качија на брод на волонтерскиот спасувачки тим OFKATH и нервозно се обидуваат да го пронајдат нивниот син и брат, како и неговиот пријател, пишува newsit.gr.
Тројца македонски државјани на возраст од 25, 28 и 30 години, вчера исчезнаа во морето откако беа повлечени од силните струи. 25-годишникот брзо беше најден од грчките служби и е во добра состојба.
Тројцата дошле на Халкидики да прослават роденден на еден од нив.
Be the first to write a comment.