Во сараевската населба Отока синоќа околу 23 часот и 3о минути се случила сообраќајна несреќа, јавуваат босанските медиуми.
Оваа информација за порталот „Аваз“ ја потврдија од Дежурниот оперативен центар на Министерството за внатрешни работи.
– Во несреќата учествувале две возила. Едно лице е пренесено на клиника, се уште не се знае степенот на повредите – велат од таму. На терен излегле пожарникари и брза помош.
Како што може да се види од снимките, пожарникарите го исекле автомобилот за да ги извлечат повредените од него.
Очевидци на несреќата изјавија дека се слушнале силен удар.
– Како да пукна бомба. Пожарникарите повеќе од 20 минути го сечеа автомобилот – изјави за порталот „Аваз“ очевидец на несреќата.
За среќа, никој не е смртно повреден.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.