Ова е мерцедесот на велешанецот Ангелче Николов со кој пред три дена е усмртена 11 годишната Магдалена, а тешко повредена нејзината мајка.

Мерцедесот кој го управувал Ангелчо

Автомобилот стигна во полициска станица истиот ден кога и неговиот сопственик, осомничен дека го возел и ја предизвикал несреќата е уапсен. Тој два дена се криеше од полицијата. Вчера беше лоциран во населбата Превалец близу Велес, каде што живее, и е приведен.

Ангелчо Николов (29)(скроз лево)

– По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава”, рече Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Батали.нет дознава дека 29-годишниот Николов признал дека тој го возел автомобилот, дека бил под дејство на алкохол и дека се исплашил од несреќата, па затоа побегнал. Но, тој не бил сам во автомобилот. Со него биле уште тројца пријатели, со кои претходно бил во кафеана.

Откако ги удрил мајката и детето, Николов прво ги оставил пријателите, а потоа побегнал. Полицијата ги идентификувала според заедничка фотографија, која Ангелче вечерта, непосредно пред несреќата, ја објавил на Фејсбук.

Тие се повикани на распит во полиција. Сега обвинителството треба да реши дали и против нив ќе покрене постапка за прикривање на кривично дело, бидјќи никој од нив не се јавил да ја пријави несреќата.

Загинатата Магдалена Иванова (11✝)

Малата Магдалена која загина во саботата на пешачки премин е погребана денеска на гробиштата Свети Спас во Велес. И додека погребот траеше, се случи уште една сообраќајна несреќа, кога возач на комби со струмички регистрации удри во жена, која присуствуваше на погребот и побегна. Сепак, полицијата успеа брзо да го фати.