Доцна синоќа во градот Милот, на излегување од дома, влегувајќи во своето возило со македонски регистарски таблички беше застрелан Клисман Преци а неговиот пријател Јили Брахими е во критична состојба. Врз нив бил испукан баражен оган од автоматски пушки, најверојатно калашникови.
Клисман Преци пред неколку месеци успеа да преживее во заседа на автопатот Лезе-Тирана. 14 мај беше среќен ден за него, кога за чудо избегна обид за атентат со огнено оружје заедно со неговиот братучед Блерим Преци.
– Но денеска судбината не беше со него и остана мртов на лице место, додека неговиот пријател Јили Брахими се бори за живот. на 14-ти мај е уште неидентификуваните лица пукале рафално во правец на автомобилот во кој се наоѓале двете млади момчиња. Напажачите од задното стакло на возилото го извадиле оружјето и испукале повеќе од 20 куршуми. Маневарот на младиот Блерим Преци кој го свртел возилото, закочил и во движење заедно со својот братучед излетал од теренецот, им го спасило животот. Автомобилот продолжил да вози неколку метри, се додека не излетал од патот и се превртел, додека двајцата млади избегале без да добијат ниту еден куршум во телото, пишуваат албанските медиуми.
Синоќешниот напад врз Преци и Брахими се поврзува со тројното убиство што се случи во понеделникот, кога со десетици куршуми беа застрелани а потоа и запалени во возилото кое го користеле тројката криминалци, Брилиант Мартинај, Диклан Вата и Бесмир Хоџа. За бруталноста сведочи фактот дека едно од лицата било живо, но убијците се вратиле и го докрајчиле, а потоа го запалиле возилото.
Be the first to write a comment.