Неколку дена по новата срамна бламажа кога пред странска делегација македонското Министерство за надворешни работи успеа да го згреши знамето на гостите, ширум интернетот се рашири слика со промашено знаме од македонски учебник.

По тој повод објавивме и Час по вексилологија за МНР.

Учебникот е веројатно по географија и на посочената страница се говори за природните одлики на Португалија. Арно ама, наместо знамето на оваа земја, поставено е знамето на соседна Шпанија, знаме кое воопшто не е слично на португалското и човек треба да е навистина вексилолошки глупав за да го промаши.

Она што загрижува е фактот што учебникот со ваква грешка бил пуштен во употреба. Дали воопшто не бил проверен или тие што го проверувале појма си немаат, останува мистерија.

Очигледно во МНР погрешно ги учеле знамињата…