Блогерката на “Huffington Post”, Брук Бирмингем, неодамна се нашла во непријатна ситуација откако списанието “Shape” одбило да ги објави нејзините фотографии во бикини.
Пред неколку недели една новинарка од ова списание ја исконтактирала и ја замолила да и’ испрати фотографии кои би ги приложиле покрај статијата за нејзината приказна за успешно слабеење.
Меѓутоа, нејзините фотографии не се вклопиле во приказната за убавото тело кое ќе го добиете ако ослабете 80 килограми, како Брук. Покрај ова тие уште и ја замолиле доколку сака да им испрати фотографија по можност во маица.
Брук одбила да го направи тоа сметајќи дека жените имаат право да знаат како изгледа телото по екстремно слабење. Уште повеќе бидејќи списанието постојано објавува фотографии од жени во бикини.
“Мислам дека нашата индустрија не учи да се срамиме од своето тело дури и кога со него ќе направиме неверојатни работи”, пишувало во одговорот на Брук во кој таа одбива да соработува со нив.
Новинарката подоцна и’ се извинила и објаснила дека таа е само посредник помеѓу неа и едиторскиот одбор, но Брук не попуштила и нејзината приказна на крај не се појавила во Shape.
“Моето тело е вистинско. Ниту е фотошопирано, ниту пак се срамам од него. Вака изгледа телото откако ќе симнете 80 килограми, ова тело има претрпено неверојатни работи и според мене изгледа фантастично во бикини”, пишува Брук на својот блог и продолжува:
Be the first to write a comment.