Марко Здравковски има 25 години и боледува од канцер, а веќе некој период трае акција за собирање на средства за да се лекува во странство.

– Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија во Франција. Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот. Се собра почетната сума за првите 6 месеци и се надевам дека ќе има подобрување по првите неколку третмани. Имам прекрасни пријатели и родители со чија помош успевам да верувам дека на крајот од денот сè ќе биде добро, напиша Марко.

Иако Марко почна со терапијата, сепак се потребни уште средства и секој од нас може да донира.

Доколку сакате, можете да донирате на следниве начини:

1. А1: 141 485

2. Телеком: 141 434

3. Денарска сметка:

  • 250500023957049
  • БАНКА: SPARKASSE BANKA
  • МАРКО ЗДРАВКОВСКИ
  • ШИФРА: 562
  • ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ДОНАЦИЈА

4. Преку Go Fund Me на линкот ТУКА.